Neotek Systems

За нас

Нашата компанија е присутна на пазарот повеќе од 20 години. Примарната дејност е продажба на прашкаста боја за електростатско фарбање, познато кај нас како пластифицирање на метални производи од реномираниот бренд Neokem. Со продажбата на истите, даваме исто така и поддршка за обука на персоналот, вршиме снимање на печките во реално време со специјална опрема – термограф, кој ја дава вистинската слика за полимеризацијата, тестирање на пластификатот со Scratch-test и други лабаротириски испитувања.

Вршиме продажба и техничка поддршка на професионални пиштоли за нанесување на боја за електростатско фарбање на познатиот Американски производител Nordson и Швајцарскиот Gema. Нудиме професионални решенија за рачни и автоматски линии за електростатско и течно фарбање и рапарација на постоечки.

Исто така долги години се занимаваме со продажба на големо и мало на делови за алуминиумска и ПВЦ дограма.

Нашата дејност е директно вклучена во вашиот дом и секојдневен живот. Затоа е важно да одберете загарантиран квлитет. За нас, гарантираат безбројните задоволни клиенти. Придружете се и вие!

Наши главни дејности:

Адреса

ул. Гоце Делчев бр.56, 2400 Струмица,
Северна Македонија

075 344 428

Пон-Пет: 09.00-17.00 Саб: 09.00-14.00

info@neotek.mk